еМагазин
Image default
Техно

„A1 Academy” со повик за пријавување на третиот модул – Дигитално претприемништво

А1 Македонија со задоволство го најавува специјалното издание на бесплатната академија за дигитални вештини, „A1 Academy” и од денеска до 05.05.2023г. ја отвора можноста за пријавување на третиот модул – Дититално претприемништво, информираат од таму.

„Циклусот предавања за 2022/2023 година го зокружуваме со уште една атрактивна и модерна тема – Дигитално претприемништво. Големиот број апликации што пристигнуваат за пријавување на академијата ни покажуваат дека младите луѓе ја препознаа нашата намера да го споделиме знаењето и да помогнеме во градењето на успешни кариери во новото дигитално време.

Горди сме на успешната реализација во првите два модула и сигурни сме дека и ова специјално издание ќе привлече голем интерес. Со овој повик ги охрабруваме сите млади на кои им е потребно детално познавање за Дигитално претприемништво, да се пријават и да ја искористат можноста за обликување на својата идна кариера”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.

Предавањата за Дигитално претприемништво официјално започнуваат на 10 мај и ќе бидат во времетраење од 3 дена, каде учесниците ќе се стекнат со претприемнички вештини, финансиска писменост за правење бизнис план, вештини за евалуација на идеја и за планирање на време и ресурси и ќе имаат можност да запознаат нови дигитални технологии. Учесниците по завршувањето на академијата добиваат сертификат за стекнатото знаење.

Овојпат освен предавачот на академијата кој е врвен експерт во својата област, предавањата ќе бидат збогатени со специјални гости-предавачи, кои на учесниците ќе го пренесат своето знаење со примери од практично искуство.

Можат да се пријават сите заинтересирани на возраст од 18 – 25г. со пополнување на апликацијата достапна на следниот линк. Селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Греење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe

Редакција

53.778 членови има на „Вибер“ каналот на кој се споделуваат официјални информации за корона вирусот

Редакција

„ТикТок“ забрани пристап за деца под 13 години

Редакција