еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Крунисан британскиот крал Чарлс Трети

Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство.

Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“.

По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

МИА/Фото: Фејсбук/The Royal Family

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“: „Мира Дизел на деловен состанок во Швајцарија, се очекува банкрот на државата“

Редакција

Најмалку седум жртви во силен земјотрес на турско-иранската граница

Редакција

ЕСМ Продажба ги подготвува договорите за снабдување со струја на компаниите и школите

Редакција