Мрежата #Бојкотирам и Координативното тело против референдумот на 8 септември, сабота, организираат голема прослава за Денот на независноста, информираат од таму.
„Од 17.00 до 18.30 часот Мрежата #Бојкотирам кај Школката – Градски парк, организира прослава “Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен!” Ќе има музика, гратис #Бојкотирам маички и роденденска торта. Оттаму, прославата продолжува пред Собранието на Македонија.
Од 19.00 до 22.00 часот Координативното тело против референдумот, пред Собранието на Македонија организира Семакедонски собир “8 септември Држава – 30 септември Геноцид – БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ”.
По интонирањето на Македонската национална химна и дефиле на државното и семакедонското знаме 10х20 метри од плоштадот “Македонија” под Порта “Македонија” до платото пред Собранието, ќе настапат КУД “Никола Јонков Вапцаров” со Тешкото, Копачка и ора од Егејскиот дел на Македонија и рап-групата “Пука Козметика”.
Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор и голем пријател на Македонскиот народ од САД, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и Тодор Петров претседател на Светскиот Македондки Конгрес.
Водителка на програмата е актерката Арна Шијак“, велат организаторите.
Фото: Млади за Македонија/Фејсбук