еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонци се, не се егејци, Аврамовска-Мадиќ

Лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика изјавата на заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, која направи лапсус во гостување на ТВ 24, најавувајќи дека во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање, ќе бидат внесени и егејците.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, рече Аврамовска Мадиќ.

Вчера таа појасни дека направила ненамерна грешка.

-Секако дека станува збор за лапсус, мислам дека на сите ви е јасно дека стануваше збор за Евреите и се извинувам на егејците, рече таа, што предизвика нов револт во јавноста и на социјалните мрежи, бидејќи не објасни дека не станува збор за друг народ, туку за Македонци кои живеат во Грција.

Фото: Министерство за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од законот за отпис на камати и репрограмирање долгови: Кој ќе „куртули“ од извршителите?

Редакција

Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

(Фото) Кога ве гуши маската што треба да ја носите како заштита, нека ви текне на сликата

Редакција