еМагазин
Image default
Спорт

(Видео) Осака го освои Ју-Ес опен, Вилијамс загуби контрола над емоциите

Младата jапонска тенисерка Наоми Осака ја освои првата гренд слем титула во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес опен ја победи Серена Вилијамс со 2:0 во сетови.

Иако Оска е 16 години помлада во натпреварот влезе многу посмирена од искусната американска ривалка, која имаше шанса да дојде до 24-та гренд слем титула.

Вилијамс лошо го започна натпреварот, направи повеќе грешки и почна нервозно да игра, што и овозможи на јапонската тенисерка лесно да го добие првиот сет со 6:2.

Во вториот сет Вилијамс беше подобра и прва направи брејк за водство од 3:1, но јапонската тенисерка веднаш возврати.

Во тие моменти американската тенисерка загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен.

Осака без поголеми проблеми израмни на 3:3 и продолжи успешно да ја користи нервозната игра на Американката за да направи нов брејк.

Тогаш Вилијамс повторно загуби контролата, влезе во расправија со судијата, кого го нарече „крадец“, а тој и одзеде цел гем.

Потоа Осака лесно го оствари најголемиот успех во кариерата и ја совлада една од најдобрите тенисерки во светот сo 6:4.

Јапонската тенисерка со освојување на Ју-Ес Опен ќе добие и парична награда од 3,8 милиони долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минимален пораз на ШК Алкалоид во третото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Редакција

Две бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на Европското првенство за кадети и јуниори

Редакција

ШК Алкалоид европски вицешампион

Редакција