Фестивал на стари игри, кој е во организација и реализација на Асоцијацијата Детски свет (децата и младите во акција за подобар свет) и поддржан од Министерството за култура и во соработка со Музејот на Македонија ќе се оддржи на 27 мај.
На отворениот простор околу музејот ќе се случи презентација на повеќе традиционални друштвени игри: ластик, плочка, скокање јаже, народна, хулахоп, летање змеј и многу други игри од нашиот регион – кои претставуваат и културно наследство на нашата држава.
Ќе учествуваат ученици од повеќе основни училишта ширум државата (Делчево, Кавадарци, Охрид, Скопје и Тетово).
Целта на овој фестивал е интерактивно учество на децата и младите преку спортски, друштвени и борд игри, запознавајќи се меѓусебно и преставувајќи ги традициите од реоните од кои доаѓаат.
Настанот е предвиден да се оддржи на отворено пред Националната Установа Музеј на Македонија и дворот на Куршумли Ан со цел да привлече внимание на јавноста и што поголема посветеност.
Влезот ќе биде слободен, а на посетителите ќе им биде овозможен и бесплатен влез во музејот.
Настанот ќе биде проселден со неколку музички настани со различен жанр на музика презентирајќи не само традиционални песни и ора туку и нивни современи обработки на актуелни македонски композитори.