еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сабор на СПЦ: Донесена одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА

На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

-За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски синод на СПЦ.

На Соборот приосуствуваа и архиереји на Православната Охридска Архиепископија, како и сите викарни архиереји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Редакција

Тежок е животот во 21 век за семејството Миленковски од делчевското село Град: Без струја и основни хигиенски услови

Редакција

Има и акции во “Макстил“: Каков имот пријавила Весна Митевска, новата директорка на Танец

Редакција