еМагазин
Image default
Спорт

Ѓоковиќ повтoрно на врвот: Го освои „ЈУ-ес опен“ и 14. грем-слем титула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на грен-слемот во Њујорк. Тој синоќа го победи Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

Со триумфот на мечот кој траеше 3 часа и 19 минути, Србинот по трет пат се искачи на тронот на „Ју ес опен“.

Воедно за Ѓоковиќ ова е 14-та Грен слем титула со што се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа. Пред нив се Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 трофеи од четирите најголеми светски тениски турнири.

Наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53 милиони долари, од кои 3,8 се наменети за шампионот Ѓоковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија одигра нерешено со Словенија во контролниот натпревар пред почетокот на Европското првенство

Редакција

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Редакција

Нова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава!

Редакција