еМагазин
Image default
Техно

Рентген снимки ќе се читаат и онлајн, најави Меџити

Рентген снимки ќе се читаат и онлајн, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

– Во одреден град ако има доктор што чита дневно еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да си ја изработи платата, колку треба да прочита, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, појасни министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече ќе треба време за ова.

– Ќе ни треба поддршка и од вас новинарите и од медиумските куќи, но ние сме тука да почнеме да ги решаваме проблемите, нагласи Меџити, зборувајќи и за дијагностицирањето.

Тој нагласи дека работи напорно со целиот тим.

– Проблемот е во систематизацијата и во реорганизацијата. Во Клиничкиот кадар ќе повторам имаме доволно кадар и здравствени работници и сестри. Знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек.

Ова не се прави за еден ден, два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но, ние мора да започнеме работите да се движат композитивно и јас тука имам и мој предлог, моја визија и работиме и на тоа, имаме формирано група, на дигитализација на радиологија низ држава, а тоа подразбира централизација на радиологијата, појасни министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема недостиг на „амоксиклав“ во земјава, тврди Меџити

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката во сите сегменти за 10 години, вели шеф на јапонска корпорација

Редакција

Огромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови

Редакција

На Технолошко-металуршкиот факултете отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори 

Редакција