еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка кај Пирава загина 56-годишен маж

На патниот правец од с.Јосифово кон с.Пирава, валандовско, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот при што на местото на несреќата починал возачот.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера, а била пријавена околу 10.35 часот.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција, наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи договор со Јунајтед Интернешнл Технолоџис, вреден 1,4 милион евра

Редакција

Истражување: Во Хрватска никој што е вакциниран не починал од Kовид-19

Редакција

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Редакција