еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во прекин железничкиот сообраќај, вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април.

Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.

-Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај, наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт.

Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.

МИА/Фото: МИА/Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Редакција

„Ако ги почитуваш мерките нема да се вреѓаш од Караџовски“: Твитер реакции

Редакција

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во светот надмина 900 илјади

Редакција