еМагазин
Image default
Бизнис

Помалку правни и физички лица на новата Листа на должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.06/2023 за долгови доспеани до 28.02.2023 и неплатени до 30.05.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници се објавени 1.764 должници – правни лица (помалку за 27 од претходната листа) и 3.368 физички лица (помалку за 36 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.480.970.134 денари, (помалку за 67.781.126 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.314.172.089 денари, (помалку за 25.928.225 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 166.798.045 денари (помалку за 41.852.901 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од „Реплек“ за 33.000 евра

Редакција

Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед

Редакција

Предлог одлука ОКТА да дели дивиденда

Редакција