еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото+видео) Пендаровски со сопругата за првпат ја посети Општина Путец

Јас првпат доаѓам тука, но оние кои доаѓаат почесто знаат дека условите за живот се одлични, условите за учење на македонски јазик се, исто така, одлични, има доволно наставен кадар, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски при денешната посета на Пустец во Република Албанија.

Пендаровски кој беше во придружба на неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, го посети центарот на Пустец каде беше пречекан од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, со сопругата Арманда Бегај, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, како и од локалните власти на оваа општина.

Претседателот ги посети и црквата Св. „Архангел Михаил“ и училиштето во Пустец.

-Денеска сум тука во ова училиште за да дадам јас придонес, носам одредена количина книги на македонски јазик – нашите класици Блаже Конески, Петре, М Андреевски, Живко Чинго, итн..

На тој начин сакаме да помогнеме македонските деца да го знаат да го зборуваат македонскиот јазик и така да бидат постојано во контакт со својата татковина, изјави претседателот.

Тој најави серија средби на кои, како што рече, ќе се потврди дека малцинствата кои живеат во други држави ги уживаат истите услови кои би ги имале во своите матични држави.

-Тоа значи она што го имаат Албанците да го имаат, и го имаат Македонците во Албанија. Република Северна Македонија и Република Албанија можат да бидат пример за сите во Европа, дециден беше Пендаровски.

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај во изјавата посочи дека општината Пустец е позитивен пример за партнерските односи на две земји.

-Се разбира дека македонското малцинство во општината Пустец и Албанците во Северна Македонија се многу важни во нашите односи помеѓу двете земји. Албанците во Северна Македонија се многу добро интегрирани во општеството, придонесуваат во создавањето на државата  и се активни и во политичкиот и економскиот живот, рече Бегај.

Оцени дека предизвиците за двете земји дека се големи и дека треба двете земји со заедничка соработка да ги решат.

Во рамки на еднодневниот престој во Албанија Пендаровски го посети и селото Голомбок (Глобочани) каде оствари средба со Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“ и со локалните власти на општината Поградец.

МИА/Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Османи протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е неоправдано

Редакција

Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Редакција

И нови избори дојдоа, ама бројчаникот за „украдените“ пари не преработи

Редакција