еМагазин
Локално

Малолетен скопјанец ја тепал мајка си

На 14.09.2018 година во 15,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Љ.К.(47) пријавила дека истиот ден околу 14,00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица “Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17 годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот, информира МВР.

Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарникарите неможеле да најдат функционални хидранти: Во пожар во Скопје изгореа дел од напуштените бараки на прекршочниот суд

Редакција

Син и татко нападнале полицаец во Радуша

Редакција

76-годишно лице настрада во пожар во стан во Аеродром

Редакција