еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пензионер од Неготино загинал на пауза на автопатот кон Скопје, кога доаѓал за протестот

Пензионер од Неготино загинал на автопатот кон Скопје, кога пензионери застанале на пауза одејќи на протест во главниот град. Оваа информација ја потврди за МИА, Ката Апостолова, од иницијативниот одбор на неготински пензионери.

– За жал, точно е, да. Одејќи кон Скопје, дел од нас побара пауза за тоалет. Застанавме на голем паркинг пред Катланово. Како беше, што беше, изгледа по грешка, мало невнимание, наместо како сите десно, тој тргнал лево и беше согазен од возило на автопатот.

Дојдоа брза помош, полиција, обвинител, на лице место беше констатирана смрт. Беше однесен од погребална служба, а ние другите се враќаме назад, рече Апостолова, нагласувајќи дека сите пензионери се вознемирени по настанот.

За несреќата потврдија и од СВР Велес.

-Денеска околу 09.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц. (41) од Романија, удрило во пешакот Д.С. (77) од Неготино.

Од здобиените повреди пешакот Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Дејан Трајковски: Зошто не ја сфаќаме масовната вакцинацијата како прашање на национална гордост како во Израел?

Редакција

Малолетниците пронајдени во куќа во Скопје користеле психотропни супстанци, на Токсикологија се во стабилна состојба

Редакција

Гостиварчанец наместо во изолација поради Ковид-19 со авион заминал за Германија

Редакција