Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.
Вдячний Північній Македонії за приєднання до декларації G7 щодо підтримки безпекових гарантій для України. Загалом приєдналися вже 15 країн. Дякую Премʼєр-міністрові Димитару Ковачевському @DKovachevski за його особисті зусилля зі зміцнення партнерства між нашими країнами. 🇺🇦🇲🇰
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 15, 2023
– Благодарен сум ѝ на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји, објави Зеленски на Твитер.
Земјите од Г7 на маргините на самитот на НАТО во Вилнус, објавија безбедносна рамка за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да се одбрани земјата од Русија.
Г7 ја потврдија посветеноста на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се брани и да се спротивстави на идната агресија.
МИА/Фото: Влада