еМагазин
Image default
Убава приказна

(Фото) На 25-годишниот јубилеј на „Диоптра“ промовирана првата лична колекција „Dioptra Eyewear“

Во пристуство на голем број познати личности од јавниот живот, соработници и пријатели на „Диоптра“, медиуми, дизајнери, уметници и гости од странство, на 14 септември во Куршумли Ан се одржа свечена прослава по повод 25-годишниот јубилеј од постоењето на брендот кој асоцира раскош, елеганција и монденски стил – Dioptra Optics.

На настанот со модна ревија беше промовирана и најновата колекција наречена “Dioptra Eyewear” на високо-квалитетни диоптриски очила, која е потпишана од сопственичката на „Диоптра“ – Марија Костуранова.

Колекцијата “Dioptra Eyewear” е всушност прва лична колекција на Марија Костуранова и истата брои преку 600 различни модели на очила, сите комплетно произведени во Италија. Се работи за колекција која нуди современ дизајн и максимален квалитет по прифатлива цена, а изработена е со огромна посветеност која е инспирирана токму од 25-годишната приказна на „Диоптра“.

„Особено задоволство ми претставува што мојата пасија кон науката и модните аксесоари со изразена естетика и квалитет, се развија во приказна која постои веќе 25 години, а мојата прва лична колекција би рекла дека е еден уникатен белег токму на јубилеј што го славиме денес. Всушност прославуваме не само постоење, туку 25 години посветена работа, експертиза, наука, разновидност, квалитет, ексклузивност, елеганција… Имаме долга историја и традиција и добро ги познаваме барањата на нашите потрошувачи, па колекцијата ‘Dioptra Eyewear’ е едноставно одговор на сè поголемите барањата за совршен дизајн по пристапна цена”, изјави Марија Костуранова, сопственик на „Диоптра“ и дизајнерка на колекцијата “Dioptra Eyewear”.

Инаку, првиот салон на „Диоптра“ е отворен во 1993 година во Струмица, кој во тоа време претставуваше револуција во модниот свет. Денес „Диоптра“ брои вкупно 5 ексклузивни и модерно опремени салони со високо-професионален тим кој верува во значењето на советите, како и во желбите и потребите на своите потрошувачи. Оптиката е ексклузивен дистрибутер на брендовите Etnia Barcelona, Lio Factory, Pier Martino, Snob Milano, Vanni, Lindberg, Moscot, Chloé, Calvin Klein, Etro, Kyme и многу други, а во салоните на „Диоптра“ може да се најдат и голем број други познати брендови како Gucci, Tom Ford, Cartier, Oliver Peoples, Persol, Dita, Thom Browne, Boucheron, Bottega Veneta, Celine, Fendi, Jimmy Choo, Alexander McQUEEN, Brioni и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фризерскиот салон на Мила и Љупка Арсовски еден од најдобрите во Њу Џерси

Редакција

За 11 години, компанијата Алкалоид вложила 1,35 милиони евра во стипендирање лекари и фармацевти

Редакција

(Галерија) Адинг го прослави 50. роденден

Редакција