еМагазин
Image default
Бизнис

Јавна опомена од Македонската берза за Агромеханика

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за изрекување на јавна опомена на друштвото Агромеханика АД Скопје преку интернет страницата на Берзата, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација, поради тоа што друштвото не објави ревидирани финансиски извештаи за 2022 година (Извештај на независниот ревизор, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешки кон финансиските извештаи) заедно со годишниот извештај за работењето за 2022 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација, информираат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Агромеханика“ со загуба од 676.000 денари за три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законски измени: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена

Редакција

Собранието вработува 22 службеници

Редакција

ОКТА: Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Редакција