еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Иџет Мемети, кој е избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители го избра Иџет Мемети за нов заменик претседател на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Кој е Иџет Мемети

Роден е во јануари 1961 година во селото Раковец, Тетово.

Во 1986 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина.

Во 2000 година положил правосуден испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој е избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Работно искуство и политичка кариера

Во 1987 година професионалното искуство го започнал како секретар во основното училиште во селото Требош,Тетово, стои во неговата биографија.

Подоцна бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.

Во 1995 година ја извршувал функцијата секретар во Владата.

Во 1998 година повторно бил избран за заменик – секретар на Владата.

Во 1999 година бил номиниран за републички советник.

Во 2000 работел како државен советник во Владата.

Во 2001 година стана министер за правда.

Во 2002 година повторно бил номиниран за државен советник во Владата.

Во мај 2003 година е избран за судија во Уставниот суд.

Во ноември 2003 година повторно е избран за министер за правда.

Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.

Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.

Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија и на Комисијата за полагање на правосуден испит.

Во септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на тогашниот претседател на Франција, Франсоа Оланд.

Во ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први.

Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.

Во декември 2020 година е избран за член на Соиветот на јавните обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Душица Димитриеска, која е избрана за претседател на Советот на јавни обвинители

Која е Душица Димитриеска, која е избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Фото: Совет на јавни обвинители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина планирала воена интервенција во Донбас, тврди Русија

Редакција

Анализа на проф. Трајковски: Ненадејните смртни случаи по вакцинирањето против Ковид-19 се чиста случајност

Редакција

Како работеше ТТК Банка во првиот квартал

Редакција