еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време

Жичарницата на Водно од недела ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

– Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси, се истакнува во соопштението.

Линијата „25“, Транспортен Центар – Средно Водно, од недела ќе сообраќа по есенски режим на работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се условите за да добиете субвенции за клими

Редакција

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски поднесе оставка

Редакција

(Фото) „Во време на криза, да се собираме и да си зборуваме за книги,“ порача светски познатиот бугарски писател, Господинов во Скопје

Силвана Жежова