еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на Леонид

Вкупно 177 ученици од основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“ учествуваа денеска на вториот Ласер ран во комбинирано трчање и пукање со ласерски пиштоли.

Настанот одржан во Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во организација на македонската Асоцијација во модерен пентатлон и Македонскиот олимписки комитет (МОК), беше од хуманитарен карактер, а собраните финансиски средства ќе бидат наменети за Леонид, дете кое има парализиран ’рбетен столб.

Вториот Ласер ран го отворија генералниот секретар на Пентатлон, Кристијан Манасков, претседателот на МОК Даниел Димевски, како и директорките на ОУ „Лазо Ангеловски“, Магдалена Петреска и ОУ „Александар Македонски“, Маја Буклеска.

Сите учесници добија сертификати, а најдобрите од секоја категорија медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите заедно за Леонид да може повторно да застане на нозе и да ги повторува успесите на NASA Space Apps Challenge

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

Последното BMW X1 од бонус играта „Заврти еко скутер тркало“ ќе се вози низ Скопје

Редакција

Најуспешна сезона до сега: Скопскиот Аква Парк ќе работи до 8-ми Септември

Редакција