еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Две девојки од Македонија освоија титули на изборот за Miss Top model earth 2023 во Грузија

На изборот за Miss Top model earth 2023, кој минатиот викенд се оджа во Тбилиси, Грузија, две девојки од Македонија освоија титули.

Сара Дојчиноска ја освои титулата Втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата Четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина, а Прва придружничка девојката од Казахстан.

Изборот се одржа во елитниот хотел Biltmore во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер.

Ова е нов избор, се одржа за првпат, во организација на Аya productionод Бејрут, Либан, со тенденција да стане традиционален.

Двете наши учеснички се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели.

Девојките на изборот се претставија во креации на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стартува „Проект куќа со Кристина“: На семејствата кои живеат во тешки услови им се реновираат домовите

Редакција

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Редакција

Пад на извозот од 11,4% во јануари

Редакција