Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина” пријави дека на локалниот пат кон с. Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата, а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.
Фото: ЦУК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.