еМагазин
Image default
Забава

Мухамед Ибрахими со концерт во Филхармонија

На 6. ноември (понеделник), во камерната сала на Филхармонија, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт, во организација на Баги Комуникации.

-Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз, итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен.

Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.

Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо, велат од таму.

Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Инаку Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата.

Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се бподготвува нов материјал и нови соработки.

Концертот ќе започне во 20 часот а влезници можат да се набават преку платформата www.bileti.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Сила и нервоза” – нов сингл на Суперхикс во соработка со Фолтин

Редакција

(Видео) „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески, последната нумера од „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

(Фото) Ријана никогаш посекси во реклама за нејзиниот бренд долна облека

Редакција