Откако го опожарил клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, пејачот Ламбе Алабаковски добивал смртни закани по него и неговото семејство во пораки на социјалните мрежи, изјави тој во судница како сведок на Обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб, кому му се суди за предизвикување омраза и дискриминација кон македонскиот народ и придобивките од НОБ.
Тој изјави дека пораките ги добивал од профили на бугарски граѓани, но и од Македонци кои се декларираат како Бугари.
Во однос на опожарувањето на објектот тој додаде дека „не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов“.
Следното рочиште е закажано за декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ламбе Алабаковски: Среќен и радосен сум што го запалив бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“
Фото: Фејсбук/Алабаковски