еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Еден од најдобрите слаткари во светот, Италијанецот Федерико Анцелоти доаѓа во Скопје

Годинешното осмо издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 14. ноември (вторник), во хотел Лимак – Скопје, со Мастерклас по италијанска кујна – слаткарство со Федерико Анцелоти.

Анцелоти е претседател на Националното здружение на слаткари на Италија, добитник на наградата „Prix au Chef Pâtissier“ од Меѓународната академија за гастрономија (Académie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од петте најдобри слаткари во светот.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со некои од најсофистицираните рецепти за слатки на италијанската кујна во лична изведба на маестро Анцелоти.

Обуката е организирата од ITA-Italian Trade Agency Skopje во соработка со Комората на занаетчии од Град Скопје.

На 15. ноември Маестро Анцелоти ќе одржи обука за учениците, идни готвачи и слаткари од стручното училиште „Лазар Танев“.

На 15 ноември, во книжарницата Литература во Сити Мол, со почеток во 19 часот, Амбасадата на Италија во соработка со издавачката куќа Арс Ламина, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

Настаните продолжуваат на 21. ноември, во хотел Лимак, со гала вечера на тема „Италијанска кујна: традиција и иновација“ организирана во соработка со Конфиндустрија Северна Македонија.

Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на реномираните шефови Џовани Маскари и Иван Паломби.

Во наредните денови, следат настани организирани во Штип, Струмица и Охрид од страна на Конфиндустрија Северна Македонија и под покровителство на општините.

На 22. ноември, граѓаните на Штип ќе може да се придружат на натпреварот „Пица наспроти Пастрмајлија“ во Ресторан Китчен, каде во живо ќе може да ги следат подготовките на двете типични јадења.

Настанот е организиран од  во соработка со шеф Џовани Маскари, под покровителство на Општина Штип.

На 23. ноември, во Струмица, во ресторанот Вила Парк, ќе има демо подготовка на пица со шеф Џовани Маскари.

Гастрономското патување завршува на 24. ноември во ресторанот Прова во Охрид, со демо готвење пица со шеф Џовани Маскари.

Фото: Фејсбук/Недела на италијанска кујна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мапа: Коронавирусот се поблиску до Балканот и Македонија

Редакција

Алелуја: Објавен тендер за чистење на линданот во ОХИС, кој со децении ги труе Скопјани

Редакција

Убава вест: 284 оздравени од Ковид-19

Редакција