еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија

Последниот собир од серијата турнири на светската премиер карате-лига од денес до 26. ноември ќе се одржи во Матосинхос, Португалија, а на него ќе учествуваат и членови на карате клубот „Макпетрол“.

Претставниците на најтрофејната македонска екипа ќе се натпреваруваат во дисциплината борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.

Следните каратисти на „Макпетрол“ отпатуваа за Португалија: Петар Заборски (-75 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).

На првиот турнир од светската премиер карате-лига годинава, што се одржа во Атина, Витомир Трајковски (-84 кг.) се закити со бронзен медал. Минатиот месец на турнирот во Ларнака Петар Заборски (-75 кг.), освои бронза, а Стефан Стојановиќ беше петтопласиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЕФА ја исправи грешката, „челниците“ на ФФМ се Македонци, а не „Северномакедонци“

Редакција

15. јубилеј на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекорд од над 12.000 пријавени од 58 држави

Редакција

Живко Мукаетов со трет мандат на чело на Ракометната федерација

Редакција