еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укинување на економските и медицинските директори треба да има по изборите

До крајот на мај или почетокот на јуни следната година треба да има укинување на 33. економски и 33. медицински директори и 33. управни одбори и да стартува најавената реорганизација на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ во Скопје, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој рече дека процесот бил започнат.

Со реорганизацијата треба да ги нема и заедничките служби кои трошат 20 милиони евра годишно.

На новинарско прашање, што ако по изборите кои ќе се одржат на 8. мај, има нова Влада која нема да го продолжи овој план, одговори премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека после изборите ќе останела истата Влада.

Клиничкиот центар како целина требаше да профункционира од 1. јануари следната година.

Меџети информираше и дека договорот за изградба на болницата во Кичево е раскинат и ќе биде потпишан нов, а најави и дека до крајот на годинава или во јануари следната ќе биде распишан тендерот и за доизградба на Клиничкиот центар во Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иса Рушити од Теново е исчезнат веќе седми ден, 70 полицајци вклучени во потрагата

Редакција

Бидете внимателни партиите во кампањата да не Ви ги злоупотребат личните податоци

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Клиничка болница Битола за набавка на реагенси вреден 200.000 евра

Редакција