Zephyr Angels Network, со седиште во Стартап Клубот Скопје, ја објави првата инвестиција со нејзино посредство во македонскиот стартап Vendor – кој има за цел да ја промени е-commerce индустријата.
Zephyr Angels е отворена мрежа на инвеститори кои се дел од македонскиот стартап екосистем подолго време. Водени од мотото „Не инвестираме само во иднината, туку и во идните претприемачи“, оваа не-ексклузивна мрежа на инвеститори кон која може да се приклучи секој со пасија за поддршка на стартапи, освен преку финансиска поддршка, го поддржува развојот на екосистемот и преку менторство и советувања на перспективните претприемачи при што не се инвестираат само пари, туку и време, знаења, вештини и искуства.
Стартапот Vendor има за цел да ја револуционизира е-commerce индустријaта, преку обезбедување брзи, динамични и „tailor-made“ алатки за брзо поставување и менаџирање на онлајн продавници.
Предводен од тим на претприемачи со искуство во продажба и дигитални платформи, во следниот период Vendor ќе биде посветен на регионална експанзија и поместување на границите во иновациите и обезбедување огромна додадена вредност на своите клиенти.
„Почестени сме што ги имаме Zephyr Angels како наш стратешки партнер. Оваа соработка означува значајна пресвртница за Vendor, потврдувајќи ја напорната работа и посветеноста на нашиот тим и она што го создаваме.
Со поддршката на Zephyr Angels и бизнис ангелите, ние сме уверени во нашата способност да го забрзаме нашиот раст, и да го прошириме досегот на пазарот. И баш ми е драго што оваа инвестиција се случи во еден ваков хаб – Сатртап Клуб Скопје,“ вели Бобан Милосавлески, еден од основачите на Vendor.
Мисијата и визијата на Стартап Клуб Скопје (СКС) да се поддржи и да се придонесе кон развојот на стартап заедницата и севкупниот екосистем е основната движечка сила која што беше препознаена од страна на инвеститорскиот сектор во нашата држава.
„Zephyr Angels е еден од првите партнери на Стартап Клуб Скопје (СКС) и првата инкубаторска програма #ИмамИдеја. Оваа програма е наменета за сите претприемачи иноватори кои имаат уникатна бизнис идеја, но им е потребна помош и поддршка за развојот на истата.
Иноватори, ова е можноста која не смеете да ја пропуштите! Пријавете се на отворениот повик за учество во првата инкубаторска програма најдоцна до 15 јануари 2024 година и направете го првиот чекор кон остварување на вашите соништа!
Стартап Клуб Скопје и Zephyr Angels се тука да ви помогнат во секој чекор од вашиот пат,“ велат од таму.