еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инфраструктурата и корупцијата се дел од проблемите на странските инвеститори, само 43% би инвестирале пак

Само 43 отсто од странските инвеститори кои веќе инвестирале кај нас би се одлучиле повторно тоа да го направат по првпат во земјава, покажуваат резултатите од анкетата „Бизнис инвестициски индикатор“, што ја спроведе Советот на странски инвеститори во периодот од 20 ноември до 12. декември кај инвеститорите кои вработуваат 38.000 граѓани и лани направиле обрт од 7,7 милијарди евра.

Како најголема предност ги истакнуваат ниските даноци и поволната деловна клима, додека за дел од нив добро влијаат и ниските производни трошоци, достапноста на квалификувана работна сила, политичката стабилност и добрата инфраструктура.

Лани, 45 отсто од анкетираните компании го зголемиле производството, 36 отсто го намалиле, а кај 19 отсто останало исто.

Странските компании не се задоволни од постојната инфраструктура, односно 37 отсто, 50 отсто се делумно задоволни, а само 10 отсто се целосно задоволни.

Компаниите како најголем проблем го истакнуваат недостатокот на доволно едуцирани кадри, владеењето на правото и правната држава и корупцијата. Од компаниите дури 90 отсто се соочиле проблем да најдат соодветен кадар особено инженерски и технички кадар. За тоа како главен проблем ја посочуваат емиграцијата, недоволниот интерес за работа во индустријата и недоволното практично искуство.

„Како најголеми ризици за бизнисот во 2024 година анкетираните компании ги посочуваат недостатокот на работна сила, инфлацијата, неконзистентноста на економските политики, растот на цената на енергенси и корупцијата,“ рече претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо.

Како најважни приоритети на кои треба да се фокусираат државните институции во следните 12 месеци компаниите ги посочуваат подобрувањето на инфраструктурата, примената на најновите меѓународни сметководствени правила и стандарди и ревидирање на договорите за државна помош поврзани со оправдани инвестициски трошоци, како и усогласување на царинските стапки за увоз на производи кои доаѓаат од трети земји и да нема дополнителни бирократски бариери.

Бараат и олеснување на правилата и постапките за влез и работа на странски државјани, како и подобрување на услугите за постојните инвеститори.

Во однос на добивањето на државна помош компаниите бараат поедноставување и подобрување на процесот и да има унифициран став на сите даватели.

Се бара да се намали и административната бирократија и времето на одговарање, како и државната помош де се адаптира врз основа на пазарните услови и барањата на пазарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Над 17.700 лица убиени во Газа, 70% се деца и жени

Редакција

Детален преглед: Кои жени претприемачи добија субвенции од државата?

Редакција

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција