еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дрин Ахмети тврди дека пиротехниката ја купил легално, не планирал да ја препродава

Дрин Ахмети (25), еден од сопствениците на трговскиот центар „Соравија„ и внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена беше приведен, откако во неговиот автомобил полицијата најде голема количина на пиротехнички средства, за порталот Скопје 1 вели дека истите ги купил легално и не планирал да ги препродава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Смета дека не сторил кривично дело.

„Во овој момент, нема да коментирам детали, бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за Скопје1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети, хит на Твитер

Полицијата завршила со внукот на Ахмети, Обвинителството ќе оцени како ќе постапува, вели Спасовски

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како во бајка: Како изгледа Охрид новогодишно

Редакција

„Добро дојдовте во Република Дивоградба“: Твитер реакции за законот за легализација на дивоградбите

Редакција

Пендаровски за реакцијата на бугарското МНР: Нема ништо спорно во мојата средба со Македонците од Бугарија

Редакција