еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети синоќа бил приведен, бидејќи полицијата во возилото кое го возел, „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, му нашла 749 пиротехнички средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Приведен Дрин Ахмети, внукот на Ахмети и еден од соствениците на „Соравија“

Тој и стана познат на јавноста откако неодамна беше соопштено дека неговата фирма “Торх индустрис“ е еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети хит на Твитер

Тој за без пари, како што информираше самиот вчера на прес-конференција ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.

Тој е син на Фекри Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде

Кој е Дрин Ахмети

Првата информација на Гугл за младиот Ахмети, кој има 25 години е неговиот профил на „Линкд ин“.

Според информациите кои ги споделил овде, образование стекнувал во земјава и странство.

Во Македонија студирал на приватниот Американ колеџ во Скопје, истовремено и во Италија на државниот Tor Vergata, а во Северна Каролина во САД бил на постдипломски студии на приватниот универзитет – Duke.

Учел за финансии, банкарство, бизнис-менаџмент, инженерство на нафта и гас…

Како што кажа и самиот пред неколку месеци, веќе на 19 години, паралелно додека студирал водел бизнис, па затоа и толку брзо напредувал во кариерата.

Освен во “Торх индустрис“ тој се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД) и „Хелиос плант“. Првата е од областа на градежништвото, а другите две се занимаваат со производство на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Внукот на Ахмети, Дрин, барал повеќе пари, ама му одобриле само 82 илјади евра, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Фото: Дрин/Линк Ин/Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мега-галерија) еМагазин на Хидра: Идеален остров за романтика, а богами и за слабеење

Петре Димитров

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат во вториот круг од изборите: Кој доби најмногу гласови?

Редакција

„Винт“ го доби тендерот на ГТЦ за замена на осветлување вреден 594.000 евра

Редакција