еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Внукот на Ахмети, Дрин, барал повеќе пари, ама му одобриле само 82 илјади евра, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

По информацијата дека две фирми на Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), преку соопштение се огласија од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

“Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истиот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции.

Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрено финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој“, велат од ФИТР.

Според ФИТР, јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Оттаму меѓудругото истакнуваат и дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори, вели Бухова

Редакција

Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици

Редакција

Обвинителство и МВР: Затвор до 5 години за одборување на воените злосторства во Украина на Фејсбук

Редакција