еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

Порталот МКД објави дека две фирми на Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Станува збор за јавниот конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот од 10 мај 2022 година.

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс добила околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на Дрин Ахмети, Еверест ЏД добила 3.102.998 денари (50.000 евра) за проектот „Daтa management Efficiency System).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

Каков имот пријавил Али Ахмети

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уготур со загуба во првиот квартал

Редакција

18-годишно лице од Гевгелија почина од Ковид-19, во изминатото деноноќие 31 починат

Редакција

Нови 365 случаи на Ковид-19, во Скопје 183

Редакција