еМагазин
Image default
Бизнис

Уготур со загуба во првиот квартал

Уготур АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари оперативна загуба од 558 илјади денари која е искажана во неревидираниот Билан на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните приходи остварени изнесуваат 52 илјади денари и истите бележат пад во споредба со истиот период во 2022 година.

Оперативните приходи изнесуваат 8 илјади денари и бележат пад.

Финансиските приходи изнесуваат 44 илјади денари.

Вкупните расходи изнесуваат 566 илјади денари и истите бележат пад во споредба со истиот период во 2022 година.

Финансиски расходи остварени во овој период нема.

Загубата по оданочување изнесува 514 илјади денари.

Со истекот на деловната 2022 година Друштвото ги заврши своите деловни активности поврзани со работењето согласно Одлуката за голема зделка донесена од страна на Собранието на акционери на Друштвото во 2020 година.

Од тие причини остварено е намалување на приходите на друштвото во значителен износ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Михајлов повеќе не е акционер, штипски “Хед ком се“ купи акции во Уготур

Александар Михајлов купи 171.000 акции во Уготур, 19,74% од основната главнина на компанијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Универзал градба“ го доби тендерот на Општина Струмица за изведба на улици вреден 762.000 евра

Редакција

„Алкалоид“ со значителен пораст на добивката и 218 нови вработувања во 2019 година

Редакција

Скопски пазар тргнат од „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција