еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство и МВР: Затвор до 5 години за одборување на воените злосторства во Украина на Фејсбук

Од Јавното обвинителство информираат дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе сторат кривично дело „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

-Законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години.

Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години, се наведува во соопштението од Обвинителството.

МВР: Одобрување или оправдување воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат казнети

Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.

МВР апелира и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот [email protected]  за соодветно да биде постапено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски нема да оди на отворање на македонскиот клуб во Благоевград, не бил поканет

Редакција

Убава вест: Нема починати пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Москва: Ембаргото на руската нафта ќе донесе повисоки цени, поголема дестабилизација на енергетските пазари и нарушувањата во синџирите на испорака

Редакција