еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, тврди државниот обвинител на Украина

Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина.

Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа.

Украинските власти почнаа да ги враќаат областите околу главниот град откако руските сили се повлекоа во последните денови. Но, по враќањето на контролата, затекнаа призори кои го ужаснаа светот. Тие наидоа на последици од масакр, за кој тврдат дека го извршиле силите под контрола на Русија.

Од друга страна, Москва негира такво нешто и тврди дека зад убиствата на цивилите стојат украински радикали и националисти и бара итна седница на СБ на ОН за ова прашање.

Фотографиите од Буча покажуваат најмалку 20 мажи во цивили пронајдени расфрлани низ улица, меѓу кои и маж со рацете врзани зад грб со парче ткаенина, друг убиен крај велосипед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео+фото) Бројни тела по улиците на Буча, 280 лица закопани во масовна гробница

– Труповите на егзекутираните луѓе сè уште лежат на улицата Јаблуска во Буча. Рацете им се врзани зад грб со бели „цивилни“ ткаенини, биле застрелани во задниот дел од главата. Па можете да замислите какво беззаконие извршија овде, изјави претходно за Ројтерс градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, пренесува Си-Ен-Ен.

Масовна гробница е откриена во Буча, каде биле погребувани телата во првите денови од војната, велат жителите. Тим на Си-Ен-Ен видел најмалку десетина тела во вреќи со тела натрупани во гробот. Некои веќе беа делумно покриени. Локалните жителите за Си-Ен-Ен изјавија дека таму се закопани околу 150 луѓе. Градоначалникот на Буча рече дека може да има до 300 закопани жртви.

Западните лидери, вклучително и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повикаа на истраги за воени злосторства и зголемување на санкциите кон Русија.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вети дополнителни санкции за Русија, додека генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече дека независната истрага за убиените цивили во Буча е „суштинска“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг оцени дека сликите покажуваат „бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении“.

– Ниту една количина на дезинформации од Кремљ не може да ја сокрие вистината за убиствата на цивили во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО за да се обвини Русија, вели портпаролката на руското МНР

(Вознемирувачко видео) Цивилите во Буча прво биле застрелани во колена, па убиени со врзани раце, тврди Министерство за одбрана на Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

Македонски државјанин кој доживеaл мозочен удар за време на службен пат во Унгарија, денеска превезен со полициски хеликоптер на МВР

Редакција

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводел полицијата во Благоевград на денот на отворањето на македонскиот клуб

Редакција