еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин кој доживеaл мозочен удар за време на службен пат во Унгарија, денеска превезен со полициски хеликоптер на МВР

Македонски државјанин кој доживеaл мозочен удар на 18. април за време на службен пат во Унгарија, денеска беше превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11. април.

„Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади.

Конкретно, на 18. април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед.

Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот ‘бел’ 412, во содејство со Министерството за здравство“, велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести за празниците препорачува работно време на рестораните до 18 часот, забрана на собири и прослави во станови, плоштади и работни организации

Редакција

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов позитивен на Ковид-19

Редакција

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Редакција