еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводел полицијата во Благоевград на денот на отворањето на македонскиот клуб

Во Благоевград во текот на целиот ден беше присутен и министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, кој оперативно ги водеше акциите на локалната полиција, поради загриженост за немири по повод отворањето на македонскиот клуб во градот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Демерџиев, имало потреба од силни безбедносни мерки.

Тој, како што пренесува дописникот на МИА од Софија, бил категоричен дека требало да се покаже дека Бугарија е правна држава, која е способна да одржува ред на својата територија и која е способна да организира цивилизиран тек на вакви настани, не дозволувајќи ексцеси и да покаже дека, за разлика од други земји во Бугарија нарушувања на редот не се толерираат.

Според Демерџиев „секој има право да го каже своето мислење во рамките на законот“.

– Она што ќе го направиме е да го применуваме законот. Од тоа па натаму политичките пораки ќе бидат направени на соодветен начин од бугарската држава, коментира Дерменџиев.

Задачата на бугарските власти, според него, била да го зачуваат јавниот ред.

– После тоа ќе ги користиме сите механизми на правото и политиката, додаде бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, кој ја пофали локалната полиција, за која рече, дека делувала исклучително професионално.

Демерџиев остварил и средби со градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов и регионалниот гувернер Николај Шушков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џамбаски и неговите сопартијци го спречија положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград

Вербален инцидент на отворањето на клубот: Граѓанин побара од Мицкоски да зборува бугарски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајни фондови на Грција: Киро Глигоров единствен кој обелодени обид за поткуп за промена на името

Редакција

Молк во Европската Народна Партија за азилот на бегалецот Груевски

Редакција

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција