еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Тајни фондови на Грција: Киро Глигоров единствен кој обелодени обид за поткуп за промена на името

Се дестаблизира политичката состојба во Грција по оставката на Никос Коѕијас од функцијата министер за надворешни работи. Масло на огнот долеа и полемиката во Грција околу користењето на тајните фондови на грчкото МНР, но и на Министерството за одбрана за исполнување на националните цели на оваа земја.

Не е прв пат, ваква афера да излезе на виделина кај нашиот јужен сосед, а прв кој обелодени дека му биле нудени пари за поткуп од грчки структури за промена на името на нашата земја односно откажување од терминот Македонија е првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Тој тоа го напиша во своите мемоари, („Македонија е се што имаме“, автор Киро Глигоров, издавач „Култура“, 2002 година):

„Имаше, тоа првпат ќе го кажам еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене и тоа на извонредно груб начин да ја прифатам грчката солуција да направам нешто за да се откажам од името Македонија.

Еден ден министерот за внатрешни работи – Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни “колеги” од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името – готови се да ми префрлат – на која банка сакам во светот – милион долари.

Јас ги ислушав. Прво долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: “Добро бре луѓе – како си замислувате шефот на оваа држава да прими милион долари за да се откаже од името Македонија.

Како ве молам воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа некој воопшто некој си го замислил, јас тогаш не сум за ова место.

Од мене избиваше голема лутина. Тие се грчеја, беше видливо дека им е непријатно и се погледнаа меѓу себе. “Е нам ни рекоа да ви пренесеме!”

Им реков: “Да ви кажам, од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер”, напиша Глигоров.

Инаку, во деведестите години се пишуваше дека од тајните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи, предводено од Антонис Самарас, грчки новинари добиле 130 милиони долари за да се промовира “грчкиот карактер на Македонија”

Тоа јавно го потврди тогашниот премиер Мицотакис.

Можеби токму затоа Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека наместо да се однесува популистички, Нова демократија да каже каде ги трошеше средствата од тајните фондови додека беше на власт како одговар на обвинувањата на опозициската партија за начинот на располагање со тајните фондови.

Во соопштението на грчката Влада се објаснува дека веќе втора година, Парламентот има детални информации за фондовите на Министерството за надворешни работи.

Претходно, најголемата грчка опозициска партија во соопштението под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги има за користењето на тајните фондови.

Сега, останува отворено прашањето дали пари од овие фондови биле користени за поткуп на политички структури и во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчка Ајефимерида: Од тајните фондови на грчкото МНР со 1 милион евра биле финансирани македонски и албански медиуми

Оставката на Коѕијас ги врати на маса „црните пари“ и тајните фондови за името

Коѕијас смета дека нема никаков проблем со тајните фондови во грчкото МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не очекува релативно поблага зима, со повеќе шанси за снег во втората половина

Редакција

Европската комисија уверува оти „францускиот предлог“ бил најдоброто можно решение

Редакција

Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

Редакција