еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска во интервју за телевизијата Сител најави дека ДКСК ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот од брат на Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

-За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност, бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска.

Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.

-За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки.

Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои се’ институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Внукот на Ахмети, Дрин, барал повеќе пари, ама му одобриле само 82 илјади евра, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина

Редакција

Додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бистрат политики: Македонците самоволно стануваат Бугари

Редакција

Притвор за лекарот од болница во Гостивар кој издавал и наплаќал за лажни ПЦР-тестови

Редакција