Фруктал Мак АД Скопје лани остварил позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираа од таму преку Македонската берза.
-Оперативните вкупни приходи изнесуваат 453.544 илјади денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период – 551.897 илјади денари, се бележи намалување.
Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 454.766 илјади денари и бележат намалување .
Финансиските приходи изнесуваат 1.222 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.
Оперативните расходи за период од 01.01-31.12.2023 година изнесуваат 423.078 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период минатата година, кога биле 494.466 илјади денари.
Финансиските расходи изнесуваат 2.268 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година.
Остварената нето добивка за периодот 01.01-31.12.2023 година изнесува 20.193 илјади наспроти остварената добивка од 50.555 илјади денари за истиот период претходната година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фруктал Мак со намалена добивка во првите девет месеци
Фруктал Мак во првото полугодие со намалена добивка