еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош лани работела со зголемена добивка

Фабрика Карпош АД Скопје лани остварила добивка по оданочување во износ од 39.820 илјади денари, која е зголемена во однос на истиот период претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 920.429 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2022 година се зголемени за 22%.

-Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности кои учествуваат со 99,6% во вкупните приходи.

Финансиските приходи бележат намалување во однос на отварувањето во претходната година, велат од таму.

Вкупните расходи се во износ од 896.263 илјади денари и бележат раст од 12,8% во однос на вкупните расходи во 2022 година.

-Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци (кооперантите) во износ од 346.180 илјади денари.

Финансиските расходи бележат благ пораст во однос на финансиките расходи остварени од претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Аеродром склучи договор со фабрика Карпош, вреден 1,9 милион евра

Фабрика Карпош со добивка во третото тримесечије

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов протокол за влез во Грција на преминот „Евзони“ од 17 август

Редакција

Македонија потпиша Меморандум за 5Г мрежа со САД

Редакција

Како работеше ОКТА во првото полугодие: Силна прилагодена ЕБИТДА поради зголемени маржи во споредба со претходната година

Редакција