еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош со добивка во третото тримесечије

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари – септември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 475.467 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01 – 30.09 2023 година изнесува 1.309 илјади.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во период 01.01 – 30.09 вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 379.740 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 7.203 илјади денари, велат од таму

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош со добивка во првото полугодие

Фабрика Карпош лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на струја вреден 390.000 евра

Редакција

„Триглав осигурување“ ја зголеми добивката

Редакција

УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава

Редакција