еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош со добивка во првото полугодие

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-јуни 2023 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 302.392 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01.- 30.06 2023 година изнесува 5.189 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во периодот 01.01.- 30.06 во 2023 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 249.626 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош лани со добивка

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Veridos GmbH вреден 3,5 милиони евра

Редакција

Девизните резерви на крајот на јули 3,8 милијарди евра

Редакција

Колкави приходи имале лани Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Редакција