еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје со зголемена добивка во првото полугодие

Во првото полугодие од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 2.323.241 илјади денари, што е 15% повеќе споредено со претходната година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Истовремено, врз основа на прудентните политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на домашната економија, во анализираниот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари.

Со тоа, добивката на Банката пред оданочување, во првото полугодие од годината изнесува 1.666.275 илјади денари.

Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 30.06.2023 година изнесува 126.642.003 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 2.621.190 илјади денари и се зголемени за 630,975 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените  кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката, пораст на ликвидносната позиција  и трендот на раст на каматните стапки, посочуваат од таму.

-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 430.597 илјади денари и се намалени за 5% во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 7% и изнесуваат 78.133 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 226.868 илјади денари.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што  на 30.06.2023 година оперативните трошоци изнесуваат 461.777 илјади денари. Трошоците за вработени изнесуваат 501.246 илјади денари, велат од таму.

Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари, посочуваат од таму.

-Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 2.323.241 илјади денари и забележа зголемување од 15% во однос на истиот период од минатата година, додека добивката пред оданочување на 30.06.2023 година изнесува 1.666.275 илјади денари, велат од Банката.

Вкупната актива на Банката изнесува 126.642.003 илјади денари.

-Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2022 година се пониски за 2.143.435 илјади денари, како резултат на пренасочување на овие средства во вложувања во хартии од вредност.

Кредитите на и побарувања од други комитенти нето изнесуваат 88.598.286 илјади денари и забележаа зголемување од 3% споредено со крајот на минатата година.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 325.160 илјади денари и забележаа зголемување од 9% споредено со крајот на минатата година.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 12.947.675 илјади денари и забележаа зголемување од 25% споредено со крајот на минатата година.

Останатите побарувања забележаа пораст од 24% и изнесуваат 3.208.171 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 23.707.355 илјади денари, што претставува зголемување за 7% во однос на крајот на 2022 година, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари

Стопанска банка Скопје во првиот квартал ја зголеми добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД забрани увоз на руска нафта и гас

Редакција

Дигиталните ковид-сертификати во ЕУ остануваат на сила уште една година

Редакција

„Сава пензиско друштво“ лани оствари добивка од 97,4 милиони денари

Редакција