еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Нашиот интернационален модел Крис во кампања за Фила и Даман магазин

Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија нашиот убавец Христијан Стојаноски- Крис не застанува со големи проекти и ангажмани.

Помеѓу последните негови поголеми модни успеси ги извојуваме кампањата за спортскиот бренд Фила, како и модниот едиторијал за престижниот магазин Даман. Фотографиран во најмагичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис ги носеше фантастичните парчиња на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada.

„Неговите ангажмани како интернационален модел го одведоа на најпосакуваните светски дестинации како Бали, Суматра, Филипини,Тајланд и Сингапур. Како интернационален модел Крис веќе седум години е присутен на модната сцена, а како позначајни поголеми успеси да ги споменеме кампањите за Tommy Hilfiger, Louis Phillipe, Adidas, Peter England и Gap.

Нашиот маркантен модел во моментов престојува во Таjпеј, Таjван каде продолжува со засилено темпо да ја гради својата кариера изјавуваат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го доведува ли во прашање кумановскиот случај тестирањето за корона вирусот?

Редакција

27-годишно момче пронајдено мртво во својот дом во струмичко Мокриево

Редакција

Јавните претпријатија рекордери во неплатени даноци, а власта ги трупа со заменици директори

Редакција