еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари

Во 2022, на членовите на Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Скопје им е исплатен вкупен бруто износ од 29.742.392 денари (фиксен надоместок од 24.697.401 денари и варијабилен надоместок од 5.044.991 денари), соопшти Банката во годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.

Управниот одбор на Стопанска банка Скопје се состои од четири членови кои ги именува и/или разрешува Надзорниот одбор, со мандат од четири години.

Него го сочинуваат Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор, Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, Милица Чапаровска-Јовановска, генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор и Бојан Стојаноски, генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На менаџментот на Гранит лани исплатени 65,6 милиони денари

Македонски телеком ги објави надоместоците и платите на владините преставници во Одборот на директори, Китанов, Дураки, Ангеловска…

Колкави плати имале лани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на НО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и Таравари утре ќе разговараат за влез на Алијанса за Албанците во Владата, премиерот вели дека балансот ќе остане ист

Редакција

Твитер во „црвено“ по критиките на Венцијанската комисија за законот за јазици

Редакција

Од утревечер дожд и снег на планините, од четврток пораст на дневните температури

Редакција