еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски и Таравари утре ќе разговараат за влез на Алијанса за Албанците во Владата, премиерот вели дека балансот ќе остане ист

Премиерот Димитар Ковачевски, кој истовремено е и лидер на владејачката СДСМ, во изјава за медиумите потврди дека утре ќе има средба со претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за можен влез на партијата во владината коалиција.

„Утре ќе имаме состанок со Таравари. Ќе разговараме за напредокот од последниот пат кога сме се виделе, но ќе разговараме, исто така, и за можна соработка и за законски и за програмски решенија кои можат да ги унапредат капацитетот на државата и Собранието и донесување на оние одлуки за остварување на нашата зацртана цел 2030 да бидеме земја членка на ЕУ,“ истакна Ковачевски.

Во однос на кадровските прашања, Ковачевски рече дека за тоа во моментов не е разговарано, но оти доколку тој и Таравари најдат заеднички јазик во програмските политики и во делот на законските системски решенија, може да се разговара за тоа.

Премиерот рече дека е согласен со коалициските партнери со кои неодамна имаше средба дека во моментов балансот во Владата треба да остане таков.

Според него, проширувањето на мнозинството во Парламентот ќе значи зголемување на капацитетот, поефикасна работа, побрзо носење на одлуките кои ќе значат интеграција на државата во ЕУ, меѓутоа и носење на закони кои значат европски квалитет дома.

Ова ќе биде втора официјална средба на Ковачевски Таравари, а во јавноста подолго време се зборува дека АА ќе стане дел од Владата, и дека нивни кадри ќе раководат со здравство и правда.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беќаровски: Во убавината на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина

Редакција

Убава вест: 1.118 оздравени од Ковид-19

Редакција

По втор пат усвоен нацрт амандманот со кој во Уставот „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“

Редакција