еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Беќаровски: Во убавината на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил објави дека деновиве добил илјадници прашања за безбедноста на вакцините, поради што и изнесува свој став во врска со тоа.

„Стравот и паниката често го поматуваат паметот.

Дали по сите информации, дезинформации, човек може да остане равнодушен.

Дури и ние здравствените работници, користејќи разни “релевантни извори” сме и создаваме дополнителна конфузија. Секоја проверена или непроверена, докажана или недокажана вест, врзана со вакцините се шири како атомска бомба, со далекусежни ефекти.

Да, денес е вест за насловна страна само нешто што е поврзано со добро познатиот вирус и вакцините. Се друго е потиснато, невидливо, неинтересно.

Во 2019 година 458 Американци, 211 Британци, итн. починаа од ПАРАЦЕТАМОЛ!!! Десет пати повеќе завршија со трансплантација на црниот дроб, поради ПАРАЦЕТАМОЛ!!!

Податоците за 2020 се уште не се објавени, но сигурно ќе бидат трикратно поголеми, поради интензивниот внес на овој медикамент во текот на епидемијава. АМА, тоа воопшто не може да биде вест за насловната страна.

Луѓето не се машини и секоја индивидуа има свои карактеристики. За жал во таа убавина на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина. Во медицината едноставно не постои 100%, 1+1 не е секогаш два.

Затоа почитувани мои сограѓани, ние може само да Ви укажуваме, да Ве советуваме, но не може 100% да Ви гарантираме дека било која вакцина, иако сите се направено со само една цел, ДА ПОМОГНАТ, дека ќе Ви создаде имунитет, или дека нема да развиете некое несакано дејство.

Сите кои имате различни коморбидитети, напредната возраст, можеби оправдано сте исплашени од вакцинацијата, но барем моето лично мислење е дека треба да сте барем илјада пати повеќе исплашени од инфекцијата.

Јас ќе Ви посакам малку среќа на првите, а многу, многу, многу СРЕЌА на вторите кои ќе одлучите да не се вакцинирате,“ напиша Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„АстраЗенека“ е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, им ја препорачувам и на најблиските, вели Грозданова

Со „АстраЗенека“ се превенираат 30.000 починати од Ковид-19 на еден милион луѓе, наспроти еден од тромбоза вели Петличковски

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Канал 4 и Алџезира го разнишаа тврдењето на Израел дека не стои зад нападот на болницата во Газа

Редакција

Ристо Пенов избран за нов министер за локална самоуправа

Редакција

Укинат притворот на осомничените за упадот во М-НАВ

Редакција